За Нас

Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби
„Бравура Кооператива“ е основано на 17.06.2004, а е регистрирано во суд во Делчево со досие
бр 4/2004. На 14/12/2007 ХЗ Бравура Кооператива е регистриран во Регистарот на здруженија
на граѓани од областа на социјалната заштита на Министерството за труд и социјална заштита
на Република Македонија, со бр.31.
Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби “
Бравура Кооператива” од Делчево е здружение на граѓани, формирано со слободно
здружување на граѓаните со цел остварување, заштита и усогласување на своите интереси и
уверувања, како и за вршење на активности за донесување подобри услови и подобрување на:
• Грижа и застапување направата на лицата со посебни потреби
• Развој на различните форми на згрижување на лицата со посебни потреби, образование и третман 
• поддршка, помош и соработка со семејствата на на лицата со посебни потреби
• Хуманитарни активности за подобрување на социјалниот статус на на лицата со посебни потреби
• работа на полето на образованието на младите
• Човекови права