Програма за Инклузивно Образование и Рехабилитација

Во доменот на цивилизацискиот развој, образованието се движи по патот од сегрегација кон интеграција, од ексклузивност кон инклузивност. Со право може да се констатира дека концептот на инклузивно образование е прифатен во многу земји. Инклузивноста како атрибут подразбира нов модел на организирано поучување и учење кој се идентификува и потврдува преку создавање на инклузивна култура, креирање на инклузивна политика и развивање на инклузивна практика во нашите училишта. Овие чекори се однесуваат и на создавањето нов модел на наставник кој ќе одговори на потребите на инклузивната настава.

Програма за Социјална инклузија

Програма за Социјална инклузија Што е социјална инклузија? Инклузивно општество се базира на заедничко почитување и солидарност, со еднакви можности и пристојни можности за живеење за сите. Социјалната инклузија е чувство да сте дел од заедницата, со заеднички идентитет и споделени вредности. Тоа подразбира вклучување на лицата со посебни потреби во сите свери на опшественото живеење

ПРОГРАМА за Професионална ориентација работно оспособување, вработивање и Социјално претрпиемнишво .

Работата е составен дел за сите луѓе, па и на лицата со посебни потреби. Градењето на можности за нивно работно вклучување преку професионална ориентација, квалификација и преквалификација е значајно, како за лицата со посебни потреби,  така и за опшеството.(Опшество со изедначени можности и Опшество кое ги почитува човековите права).Преку, создадени предуслови и услови за вклучување во работен процес на лицата со посебни потреби се дава можност да ги истакнат позитивните предиспозиции и вредности (онаа што можат наспроти онаа што не можат), а со тоа да го развиеме и презентираме онаа што најдобро го знаеме, а да го минимизираме хендикепот.ХЗ „Бравура Кооператива“ , оваа програма ја отпочна од 2005 година и досега има вклучено околу 30 лица со посебни потреби.

Програма за Спорт и Култура

Со соодветна комуникација, знаење и вештина, спорт може да биде моќна алатка за трансформација на ставовите на заедницата и зајакнување на поединците преку стекнување на нови физички и социјални вештини, самодоверба и позитивни односи. На универзална популарност на спортот, неговите физички, социјален и економски развој бенефиции, и докажан успех како образованието и социјалната мобилизација платформа, ја прават идеална алатка за намалување на стигмата поврзана со попреченост. Овие карактеристики исто така, прави спортот да биде идеална алатка за поттикнување на социјализацијата, независностa, и целосно вклучување на лицата со хендикеп. Во оваа смисла, спортот не е луксуз. Тоа е потребно и комплементарен пристап кој може да го прошири влијанието на традиционалните методи за стимулирање на индивидуалната развој на заедницата и културна еманципациј.

Донираj

Програма за Донирање Не можам да ја сменам правецот на ветрот, но можам да ги прилагодам моите едра да стигнам до мојата дестинација. „Сами можеме да сториме толку малку, заедно можеме да направиме многу“ “Дискриминација Мислам НЕ“ Споделете ја својата визија