Лицата со посебни потреби треба да добијат еднаков третман на работа. Ова вклучува еднаквост во однос на здравјето и безбедноста при работа. Здравје и безбедноста не треба да се користи како изговор за не вработување или не продржување за вработување на лица со посебни потреби. Работно место што е достапно и безбедно за лицата со посебни потреби исто така е побезбедно и подостапно за сите вработени, клиенти и посетители.  Здравје и безбедност при работа бара од работодавачите да извршуваат проценка на ризикот и да донесат соодветни превентивни мерки. Но, приоритетите се да се елиминираат ризиците на изворот и да се прилагодат на работата на работниците. Со цел да се усогласат здравствено – безбедносните обврски и избегнување на дискриминација во исто време, овој прокет ќе создаде предуслови за анализа на ефективни и практични мерки за: приспособување на работното место; проценка на ризик; дизајнот на работата; работните активности согласно специфични потреби; опремата соглсно индивидуални барања;  работната средина; организација на работата; физички опасности; психосоцијални опасности; превентивни мерки; процедури за итен случај; отворени / конкурентни вработувања; родови разлики во вработувањето, поактивна политика на пазарот на трудот, интегрирање на услугите за вработување и обука за лицата со инвалидност; зголемување на достапноста на ефективни услуги за поддршка на вработување; поголема вклученост на работодавачите; и  поголема примена .
Сподели :
Facebook
Twitter
LinkedIn

АКТУЕЛНО

АКТУЕЛНО

Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе

Во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” , ХЗ Бравура Кооператива отпочна со реализација на  проектот Клуб за професионална рехабилитација и

Повеќе »
АКТУЕЛНО

Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе 2

Во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” , ХЗ Бравура Кооператива отпочна со реализација на  проектот

Повеќе »