Во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” , ХЗ Бравура Кооператива отпочна со реализација на проектот Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „ Интегра“ , финансиски подржан од ЕУ а регрантиран од Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој”- ЦеПроСАРД.
ЗА ПРОЕКТОТ
Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „ Интегра“ е социјалното претпријатие, со утврдена работна програма и проект на деловен план за вработување и работа на групи кои се исклучени од делот на трудот и продуктивен работен живот, каде преку организиран систем на професионална квалификација и работно вклучување во амбиентална инклузивна средина ќе се спојат работната интеграција и оддржлив бизнис модел на социјалното претпријатие.
Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „Интегра“ е проект со иновативна и алтернативна програма за проширување, редизајнирање и унапредување на програма за професионална рехабилитација на ХЗ „Бравура Кооператива“ и содржи иновативни солуции во диференцирани цели, области, модели и производи.
Целна група кон кој интервенитра проектот се лица со препреченост и други ранливи маргинализирани групи, за нивно приклучување и социо-економско интегрирање. Целна група се 7 лица со попреченост вклучени во програмата за професионална рехабилитација и оспособување а која програма ќе им овозможи вработување во социјалното претпријатие на одреден број од нив и или понуда на пазарот на трудот за нивно работно интегрирање во компании на локално ниво.
Крајните корисници се потрошувачи или купуваат на нашите производи кои овозможуваат одржан развојот на социјалното претпријатие. Со тоа проектот има два суштински ентитети на центар за обука на лица со пречека за професионална ориентација и други ентитет е социјално економско претпријатие.Една од целите на проектот е да обезбеди социјална инклузија со економски независност на целната група, а за да се оствари тоа проектот интервенира во разбивање на дискриминаторските ставови во заедницата преку промоција,презетација и афирмирање на позитивни практики на работно ангажирање на лица со попреченост во инклузивна средина.
Конкретни и одржливи придобивки од проектот кон целната група се: Вработување и економска независност. Стекнато знаење и вештини со можности за кариерен развој. Зајакнати капацитети, самодоверба и самоактуелизација на целната група со чувство на припадност и општествена одговорност.
Очекуваните резултати од проектот се насочени кон :
1. Маргинализираните групи – вработени лица во програмта – 1.1: Вработени лица од ранливи групи во инклузивен работен амбиент. 1.2:Зајакната самодоверба и чувство на опшествена припадност. 1.3:Поттикната и изразена креативност и зголемен степен на усвоени знаења и вештини за работа. 1.4:Изедначување на можностите и презентирање на вредности и вредностите на трудот. 2. Одржлив еконосми раст и развој на социјалното претприемништво – 2.1:Заживување на социјално претприемиштво кое вработува ранливи групи во интегрирана работна средина. 2.1:Создаден бизнис план . 2.2:Високо ниво на квалитет на производи, иновативни со препознатлива специфичност. 2.3:Развиена продажна мрежа , воспоставен пазар и самоодржливост на „Интегра“. 3. Подигната јавна свест во заедницата 3.1:Информирана јавност за вредностите и можностите на лицата со посебни потреби и нивна социо-економска независност. 3.2:Подигнато ниво на толеранција и разбирање на стручната и пошироката јавност за работно вклучување и работна интеграција на маргиналзираните групи.
Активностите на „Интегра“ ќе се одвиваат во период од 10 месеци и се поделени во 3 фази:
1.Прва фаза: „Адаптација и техничко опремување“ со времетраење од 2 месеци во насока на набавка и инсталирање на опремата, просторно уредување и адаптација на целната група.
2.Втората фаза: „Развивање на продукти и производи“, со времетраење од 6 месеци
3.Третата фаза: „Вклучување и обука“ на целната маргинализирана група-идни лица лица, нивната професионална квалификација по дејности.
Проектот се имплементира во Општина Делчево, Источен плански регион .
Проектот е со времетраење од 10 месеци . Висината на финансиската подршка за проектот е 19.661 евра.
ХЗ БРАВУРА КООПЕРАТИВА