Третата еднодневна работилница во рамки на проектот “Инклузивен мост 18” се одржа на 02.11.2021 год. во Хотел Панорама –Делчево во присуство на 12 учесници. Главен фокус на оваа работилница беше Социјалното менторство, кое претставува новина на нашите простори а во суштина има голема поврзаност со целите на проектот во рамките на социо економското интегрирање на лицата без родители и родителска грижа. Што значи социјалното менторство и кој се негови особености го презентираше Александар Николов-координатор на проектот, кој воедно е и лиценциран социјален ментор. На учесниците овој модел на работно интегрирање им го привлече вниманието и дадоа дополнителни коментари за примена на социјалното менторство во други околности и други ранливи групи Овој процес претставува мост на премин во работна интегрирана средина кој ги почитува индивидуалните предиспозиции како и интересите на работодавците во балансирани односи.

Благодарност, кон сите вклучени учесници !

Сподели :
Facebook
Twitter
LinkedIn

АКТУЕЛНО

АКТУЕЛНО

Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе

Во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” , ХЗ Бравура Кооператива отпочна со реализација на  проектот Клуб за професионална рехабилитација и

Повеќе »
АКТУЕЛНО

Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе 2

Во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” , ХЗ Бравура Кооператива отпочна со реализација на  проектот

Повеќе »